Црна хроника
Кумановец преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратеници
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во координација со Основното јавно обвинителство Куманово презеде мерки кога на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 36-годишен кумановец со иницијали А.Б. била споделена објава со која била загрозена сигурноста на пратениците, велат од МВР.
„Со објавата предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците во Собранието на Република Македонија и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 144 – загрозување на сигурност и по член 394-г – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од Кривичниот законик на Република Македонија“, информираат од МВР.
По наредба на ОЈО, А.Б. бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање докази.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена и кривична пријава, информираат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.