Црна хроника
Куќен притвор за лице во чиј дом беше најдено оружје
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При извршен претрес на 17 октомври во домот на осомничениот, 32-годишен жител на село Копнаце, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција и една автоматска пушка. Една рамка со 19 куршуми во калибар 7,62 мм, 162 куршума во калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден куршум во калибар 7,65 мм и еден пиштол „барета“. Пронајденото оружје и муницијата се одземени.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.