Црна хроника
Лажел дека е управител на фирма, заработил 7,8 милиони денари
Жител на охридско село лажно се претставувал дека е управител на фирмата во која бил вработен и на тој начин склучувал договори со кои незаконски заработил над 7,8 милиони денари.
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од село Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,лажно претставување“ и ,,фалсификување исправа“.
Пријавениот лажно се претставувал дека е управител на фирмата во која бил вработен и во име на фирмата склучил два договори со фирма од Скопје за изработка на 1.300 транспортни торби и 630 конфекциски елеци со додатоци. Потоа, вредноста на увозните предмети повеќекратно, во зголемен износ, ги фактурирал на сметка на фирмата, а ги фалсификувал и потписите на местото ,,купувач“ и ,,продавач“ и ставал нечитки печати.
На овој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 7.833.375 денари, по однос на еден договор, додека по однос на вториот договор штетата ќе биде дополнително утврдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.