Црна хроника
Маж пронајден починат на работното место во Неготино
Шеесет и деветгодишен неготинец со иницијали М.Ч. бил пронајден починат на работното место, соопшти МВР.
„На 06.01.2022 во 19.24 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на работно место во фирма во с.Пепелиште, неготинско, бил пронајден починат М.Ч.(69) од Неготино“, наведе полицијата во дневниот билтен.
Од страна на страна на лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирана била смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.