Црна хроника
Маж добил тешки повреди кога паднал од приколка на камион
Вчера на магистралниот пат А-1, кај местото наречено Св. Петка, Ж.Ј. (55) од село Марена паднал од приколка на товарно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Македонијапат“.
„Возилото било управувано од Ј.А. (52) од село Ѓопчели, а Ж.Ј. паднал во моментот кога возилото излегувало од земјена површина за да се вклучи на магистралниот пат, при што добил тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
По укажаната помош во Јавната здравствена установа – Валандово, тој бил пренесен во Медицинскиот центар – Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.