Црна хроника
Маж со две убодни рани во бесознание донесен во болница во Скопје
Млад маж кој се наоѓа во животна опасност, со две убодни рани е донесен на КАРИЛ во Скопје, а полицијата истражува што се случило.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, 15.40 часот во Ургентен центар Скопје, на КАРИЛ, бил донесен А.С. (32) од Скопје со две убодни рани во пределот на градите и грбот. Тој е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Се работи за лоцирање на местото на настанот и причините за истиот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.