Црна хроника
„Макстил“ за несреќата: Откажа една од дигалките, по што испрска течен челик надвор од казанот
Компанијата „Макстил“ потврди дека изутринава се случила несреќа при што се повредени четворица работници додека ги извршувале редовните обврски.
„Утринава во 6.50 часот во погонот Челичарница на „Макстил“ при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот.Притоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медициски згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор“, соопшти „Макстил“.
Според компанијата, извршен е увид од страна на Службата за безбедност и заштита при работа на „Макстил“ и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.