Црна хроника
Малолетник загина со мотор во сообраќајна несреќа во Козле
Синоќа во сообраќајна несреќа во Скопје загина малолетник кој возел мотор.
Според информациите, несреќата се случила синоќа околу 20:47 часот на ул. Козле во Скопје, меѓу возило „цитроен“, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, возило „мини купер“, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управувано од малолетник од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.
На местото несреќата од здобиените повреди починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.