Црна хроника
Малолетник нападнал жена во Штип, ѝ украл златно синџирче
Шестнаесетгодишно лице вчера на улицата Пиринска во Штип извршило тешка кражба на дрзок начин над 57-годишна жена.
„Додека оштетената се движела по улицата, ѝ се доближил сторителот и со употреба на сила ѝ го одзел златното синџирче што го носела околу вратот. По преземените мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од Центарот за социјални работи и било задржано во Полициската станица Штип“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.