Црна хроника
Малолетник од Битола управувал мотор кога во него удрил автомобил, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчер во Битола, на крстосницата од улиците Методија Андонов Ченто и Васил Главинов, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.