Црна хроника
Малолетник со веспа удрил во две девојки во Штип
Две девојки од Штип, на возраст од 21 година, се тешко повредени откако синоќа во нив удрила веспа, управувана од малолетник.
Според информациите, несреќата се случила на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, а мопедот го возел 17-годишен малолетник од штипското село Стар Караорман, кој имал и сопатник исто така малолетник.
Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.