Црна хроника
Масовна тепачка во скопскиот аква-парк
Во скопската полиција во попладневните часови на 20 август била пријавена тепачка во аква-паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Како што информираат од МВР, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка меѓу тројца скопјани на возраст од дваесетина години, од една страна, и група од седум лица на возраст од 19 до 25 години, од друга.
Учесниците биле приведени во Полициската станица Карпош и направени се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.