Црна хроника
МВР го потврди инцидентот со професорот Фрчкоски
Министерството за вантрешни работи (МВР) и во билтенот од неделата повторно го потврди инцидентот и вербалниот напад врз професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски, од страна на три непознати лица, но не соопшти дали ги пронашло напаѓачите.
„Во врска со настанот од 03-ти овој месец, којшто од страна на ректоратот на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје беше пријавен како физички напад врз професор, беше излезено на лице место при што е констатирано дека на 03.03. околу 14,15 часот на УКИМ, поточно на службениот паркинг кај Правниот факултет ‘Јустинијан Први’, на Љ.Ф. му пришле три НН машки лица облечени со качулки на главата. Тие му се обратиле со зборовите: ‘Како не ви е срам’ и додека му зборувале едниот од нив го снимал со мобилен телефон. Во моментот кога им одговорил – зашто да му е срам – тој го удрил НН лицето кое му го поставил прашањето по што трите лица заминале во правец кон булевар ‘Гоце Делчев’“, соопшти МВР./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.