Контакт

Црна хроника

МВР со детали околу големата акција против трговијата со дрога

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи во петокот по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување „Мрежа“ изврши претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што сузбиена е организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази  од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага.

 

Притоа, од страна на ОСОСК до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција  поднесена е  кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29)  и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3  од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво  по член 396 и В.В. за сторено кривично дело – “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ. Лицата се  изнесени  пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор.

 

Имено, по спроведена истрага  утврдено е дека лицето Д.В.  од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачје на Прилеп и Битола, со цел  стекнување на противправна имотна корист. Д.В. создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од лицата Н.Х. и Е.З. двајцата од Скопје,  кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со парични средства, а во неколку наврати  направена е замена на  дрога за ПМВ и моторцикли.

 

По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на лицата М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја превземал и  доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба. Исто така,  по инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја превземале дрогата од горенаведите лицата задолжени за чување, мешање и препакување.

 

Петокот и саботата (17/18.03.) по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси на подрачје на Прилеп, Битола и Скопје при што кај лицето Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на лицето В.В. (инаку сопруга на Д.В.)  пронајдена е дигитална вага.

 

Вчера (18.03.) при извршените претреси во Скопје кај лицето Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела НН материја, едно полиетиленско пакување со НН бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65 потоа 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три ПМВ (ПЕЖО 307, Пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи.

 

Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8-10 кг марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари – 19.000 денари. Имено при преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот,новчаник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја –хероин, 50 екстази и дигитална  вага./крај/мф/

 

 

 

 

 

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија7 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија9 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија10 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија11 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија13 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ14 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија14 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија14 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија17 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет17 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет17 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија18 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион18 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет18 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет18 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...