Црна хроника
Млади скопјани со електрошок украле чанта, со платежната картичка во неа „пазареле“ на бензинска
Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
156 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Црна хроника
Кој кого тепал – Семејна драма во Драчево
26-годишна жена вчера во 13.53 часот во СВР Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг.
Полицијата информира дека исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на автобус на ЈСП
Возач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
Имено синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.