Црна хроника
Момче рането во стомак по расправија, напаѓачот е приведен
Дваесет и четиригодишно момче од Здуње е повредено со куршум во стомакот по расправија со гостиварец. Полицијата го привела 51-годишниот К.У. од Гостивар кој пукал во момчето.
Како што информира полицијата, случајот бил пријавен вчера во 14,30 часот кога на локалниот пат за сeло Нистрово-Мавровско на местото викано „Ќумурана“ при случајна средба, а по претходна расправија, К.У.(51) од Гостивар, со еден испукан куршум од пиштол го погодил Е.М.(24) од селото Здуње во пределот на стомакот, по што побегнал.
Повредениот бил пренесен во Медицинскиот Центар во Гостивар, но поради сериозноста на повредата бил префрлен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, осомничениот бил затекнат како управува возило „фиат панда“ со италијански национални ознаки по што бил запрен. Во возилото бил пронајден еден пиштол марка “ЦЗ“ калибар 7.62 мм, кој го поседувал без дозвола. Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.