Црна хроника
Моторџија тешко повреден при удар во „бмв“
Моторџија е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Битола. Како што информира полицијата, вчера во 14.40 часот на крстосницата од улиците Новачки пат и Шералти во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв 525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н. К. (31) од Битола, и мопед „jујинг 50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г. Р. (49) од Битола.
Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.