Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје
На булеварот „Македонско-Косовска бригада“ вчера се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од 34-годишен скопјанец, мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици управуван од 39-годишниот А.У. од Скопје и патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Б. исто така од Скопје, кој е на возраст од 43 години.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобил и возачот на возилото „Ауди“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.