Црна хроника
Му ја скршиле главата на сопственик на скопски ресторан затоа што не сакал да им пушти музика
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против три лица под сомнение дека извршиле кривично дело насилство во угостутелски објект во Скопје.
Според информациите, осомничените како гости во угостителски објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, на 13 март годинава, дејствувајќи како група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.
Двајца од осомничените биле незадоволни од третманот и услугата и почнале вербална расправија со оштетениот инсистирајќи во локалот да им биде пуштена одредена музика по нивна желба. Сопственикот одбил со образложение дека работното време на објектот е истечено и мора да го затвори. По ова, осомничените му се заканиле и почнале да кршат шишиња и чаши, а кога им било наложено да го напуштат објектот, физички го нападнале сопственикот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.
Кон тепачката се приклучило и третото осомничено лице, кое дополнително влегло во објектот, па замавнувајќи со дрвена рачка од метла, повеќепати го удрил сопственикот.
Од нанесените удари сопственикот добил тешки повреди – повеќе набиеници и една скршеница во пределот на главата – по што успеал да се оттргне и засолни во кујната на локалот.
По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на тројцата насилници им определил мерки на претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.