Црна хроника
Наместо во изолација, жители на Гостивар и Тетово заминале во странство
Осум лица од Гостивар и околните села наместо да седат дома во изолација, тие заминале надвор од земјата. Исто направиле и четворица од Тетово.
„На 19.8.2021 полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.
На 18/19.8.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата. Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија казниво по член 206 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.