Црна хроника
Нападната вработена во бурекџилница во Кисела Вода, откако не им дозволила да јадат без пари
Ноќеска петнаесетина минути по полноќ, три лица под дејство на алкохол, влегле во фурната „Христина клас“ на улица „Христо Татрчев“ и побарале да јадат без пари. Откако не им било дозволено, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата. Откако вработената Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, физички ја нападнале, а едно од лицата вперило и пиштол кон неа. Случајот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода, по што полицијата ги привела лицата А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) тројцата од Скопје.
Полицијата презема мерки за документирање на случајот, по што , највуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот, заедно со уште три лица, провалил во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго дејствувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа тој и другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор, сега осомничениот, заедно со другите лица, влегол во просторијата наменета за вработените, од каде што ги одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.