Црна хроника
Најден машки труп во реката Пчиња
Во понеделникот, во 15 часот во село Студена Бара, кумановско, во коритото на реката Пчиња бил пронајден непознат машки леш закачен на гранки во фаза на распаѓање.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. Лешот е изваден од водата и по наредба на Јавен обвинител е предаден на обдукција.
Според кумановските медиуми се работи за Драган Цветковски (59) Куманово, кој речиси два месеци се води како исчезнат.
Безживотното тело на несреќниот човек закачено на гранка во водата го нашол случаен минувач околу 15 часот и пријавил во полиција. Синот на Цветковски потврдил дека татко му е пронајден мртов, а тој го идентификувал телото.
Цветковски беше пријавен за исчезнат на 19 декември./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.