Црна хроника
На мажот што сексуално малтретира петгодишно дете му се заканува затвор од најмалку 12 години
Обвинителството до судот поднесе обвинителен акт против лицето што изврши полов напад врз дете во Прилеп.
„Обвинетиот, во јули годинава, во паркот кај здравствениот дом во Прилеп, поради задоволување полови страсти, извршил полови дејства врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом, обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка“, појаснуваат од Јавното обвинителство.
За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е предвидена затворска казна во времетраење најмалку 12 години. Истовремено, поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.