Црна хроника
На прилепчанец му изгореа плевната и земјоделските машини
Вчера во селото Житоше, Прилепско, во дворот од куќата, сопственост на Ј.И. (75), во плевна и магацински простор избувнал пожар, во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.
Исто така, опожарена била и покривната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема, јави МВР.
Пожарот бил изгаснат и извршен е увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.