Црна хроника
На 84-годишна скопјанка ѝ се јавиле со шок-вест, па ѝ зеле 2.700 евра
На 29.9.2022, во 20.30 часот, во Полициската станица Аеродром 84-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17.30 часот и ја известило дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајна несреќа, во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор, ќе треба да му даде пари.
Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а кога ќерка ѝ дошла дома, таа сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.