Црна хроника
Нервозни коцкари го нападнале обезбедувањето на казино во Куманово
Нервозни коцкари, не можеле да почекаат смена на вработение во казиното, па поради тоа што не им биле издавани жетони го нападнале обезбедувачот, соопшти полицијата.
Имено, во 21.55 часот во СВР Куманово непознато лице пријавило тепачка помеѓу обезбедување и непознати лица во казино во Куманово. Во 22.40 часот од страна на ОКТУПА бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 21.50 часот во казиното при примо-предавање на смена касиерите не биле во можност да издаваат жетони.
Поради тоа две непознати лица почнале да викаат и да ги навредуваат со пцовки. Од страна на Д.С. (21) од Куманово, вработен како обезбедување, на лицата им било сугерирано да почекаат, по што истите го нападнале, со спреј го испрскале во пределот на очите и лицето, почнале да го удираат и му ја скинале блузата од униформата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Во Куманово, ноќеска е пријавена уште една тепачка, во која настрадал малолетник. Имено, во 1 часот по полноќ, во СВР Куманово С.Т. (47) од Куманово пријавила тепачка во нејзиниот кафе бар.
Полицијата извршила увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 00.50 часот во холот, пред тоалетите и магацинскиот простор на кафе барот, од страна на повеќе непознати лица физички било нападнато петнаесетгодишно момче, кое било удрено во главата со шише од пиво. Момчето било пренесено во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана телесна повреда.
По укажаната помош петнаесетгодишникот бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.