Црна хроника
Обвинение за Косовци што краделе облека од скопски трговски центар
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца косовски државјани кои се товарат дека од скопски трговски центар украле две парчиња облека во вредност од 17.580 денари.
Како што информираат од Обвинителството, обвинетите, по претходен договор, на 11 октомври, во две продавници лоцирани во трговски центар во Скопје, украле јакна вредна 11.290 денари и елек во вредност од 6.290 денари.
Кражбите ги извршиле користејќи исти услови и околности – првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража.
Потоа, 19-годишникот на сила ги отстранувал бип-алармите закачени на облеката и ја облекувал на себе под облеката. Потоа двајцата ја напуштале продавницата.
Двајцата Косовци се товарат за продолжено кривично дело тешка кражба.
Бидејќи се работи за странски државјани и постои опасност да се дадат во бегство, надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двете лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.