Контакт

Црна хроника

Обвинение за поранешниот градоначалник на општина Битола за незаконски јавни набавки

Објавено пред

Поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, е обвинет за незаконски спроведени јавни набавки за превоз на ученици, за набавка на масло за греење и за изведување на редизајнот и изградбата на два моста во Битола.

dobivaj vesti na viber

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола достави Обвинителен акт со кој В.Т. поранешен градоначалник го товари дека истиот во еден кривично правен настан како соизвршител, а во повеќе други настани самиот сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едновремено со обвинителниот акт се опфатени и поранешен секретар на општина Битола и четворица членови на Комисијата за јавни набавки кои ја спроведувале набавката за превоз на ученици за учебната 2015/2016 година, кои се товарат дека како соизвршители го сториле горенаведеното кривично дело.

„Обвинетите В.Т. поранешен градоначалник на Битола, С.П. како претседател, С.Д. како заменик-претседател, В.П. и П.П. како членови на Комисијата за јавни набавки во периодот од јули до октомври 2015 година во Битола, заедно договорени како службени лица, ја искористиле својата службена положба и овластување при спроведување на јавната набавка за посебен превоз на ученици за 2015/2016 година. Обвинетиот С.Б. како секретар на општината ги пречекорил границите на своето службено овластување при вршење на јавната набавка за превоз на ученици во средно и основно образование кои имаат право на бесплатен превоз за учебната 2015/2016 година“, се наведува од обвинителството.

Како што се додава, обвинетиот градоначалник, спротивно на член 28 став 2 од Законот за јавни набавки, донел одлука за јавна набавка без да ја утврди количината на набавката и само со утврдена вредност на набавката. Тој преку Одделението за јавни набавки на 13 јули 2015 година побарал од основните и средните училишта од Битола да достават податоци за бројот на ученици за превоз по посебни линии, кои информации биле доставени до 15 октомври 2015 година. Но, вредноста на јавната набавка во висина од 22.327.813 денари била определена уште на 29 јули 2015 година кога општината го објавила огласот со рок за доставување понуди до 9 септември, кој потоа бил продолжен до 15 септември 2015 година. Потоа, Комисијата за јавни набавки на 7 октомври 2015 година, односно пред добивање на побараните податоци од училиштата за конкретниот број на ученици по секоја посебна линија, спровела електронска аукција за вкупно 17 превозни линии.

„При тоа иако поднесените цени за 11 превозни линии биле повисоки во однос на цените во постапката за јавни набавки од претходната 2013/2014 учебна година при исти параметри за определување на цените и континуиран пад на цената на нафтените деривати од 2013 до 2015 година, обвинетиот С.Б. како секретар на општината пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување и немајќи надлежност да постапува и да одлучува за јавни набавки, сепак го одобрил склучувањето на договорите со понудувачите по понудените повисоки цени. По даденото одобрување од секретарот на општината, членовите на Комисијата ја продолжиле постапката и спротивно на законот доставиле извештај до обвинетиот поранешен градоначалник кој донел одлука за избор на најповолни понудувачи, по што бил склучени договори со вкупно четири друштва – превозници, од чие склучување за општина Битола настанала од сите линии штета во вкупна значителна вредност од 4.819.901,00 денари“ додаваат од обвинителството.

Воедно, обвинетиот В.Т. како градоначалник на општината, во периодот од септември до декември 2015 година, ги пречекорил своите службени овластувања и не ја извршил својата службена должност за организирање на превозот на ученици на подрачјето на општина Битола согласно член 43 ст.1 од Законот за превоз во патниот сообраќај. Имено, согласно законските одредби, градоначалникот бил должен превозот на ученици да го организира како посебен линиски превоз со исклучување на други патници и по утврден возен ред. Тој тоа не го сторил, туку откако била спроведена постапка за доделување на пакет линии за вршење на општински линиски превоз на патници во Битола и биле избрани најповолните понудувачи, со нив потпишал дополнителни договори за превоз и на учениците со важност од 5 години сметано од 1 јуни 2015 година. На тој начин, обвинетиот на 12 друштва – превозници им прибавил корист изразена во правото да вршат посебен превоз на ученици, без објавен јавен повик за набавка на посебен линиски превоз за периодот од септември 2015 до јуни 2016 година.

Истовремено со обвинителниот акт, обвинетиот поранешен градоначалник на општина Битола се товари дека на 14 ноември 2016 година, како службено лице, спротивно на Законот за јавни набавки незаконски постапил при набавка на масло за греење за грејната сезона 2015/2016 година за училиштата и градинките во Битола. Тој донел одлука за набавка на лесно масло за горење за потребите на општина Битола, основните и средни училишта и детските градинки, без да ја утврди количината на набавката, туку само вредноста во висина од 24.500.000 денари. По објавување на огласот за јавна набавка на кој се пријавило едно трговско друштво со понудена вкупна цена од 31.087.865 денари, односно со повисока цена од обезбедените средства, тој не го поништил објавениот оглас, туку со измени на одлуката одобрил зголемување на вредноста на обезбедените средства. Па така, обезбедил нови средства во висина од 36.637.000 денари, односно извршил зголемување од 49,7 %, по што со одлука ја прифатил доставената единствена понуда од друштвото како најповолна, иако понудувачот не понудил рабат на цената, што било вообичаена пракса на сите дотогашни постапки за јавни набавки. По спроведената електронска аукција останал на првично понудената цена, што бил основ поради кој постапката за јавна набавка требало да биде поништена согласно член 169 од Законот за јавните набавки, како што впрочем било направено со друга слична набавка во општината. Со тоа, обвинетиот на понудувачот му обезбедил корист изразена во правото да испорачува лесно масло за горење во периодот од 12 месеци, сметано од 6 февруари 2017 година како ден на склучување на соодветните договори со општината, училиштата и градинките потписнички на Договорот за извршување на групна набавка.

Обвинетиот поранешен градоначалник се товари и за незаконско постапување при јавна набавка за изведување на редизајнот и изградбата на два моста во Битола. Имено , во периодот од 2014 до 2015 година, во постапката за јавна набавка за редизајн на мостот под Безистенот, по спроведена постапка за јавна набавка, откако општината исклучила еден од двајцата понудувачи заради негативна референца, спротивно на законот бил склучен договор со преостанатиот понудувач за изведба на работите и била извршена исплата во вкупен износ од 2.358.304 денари, иако реалната пазарна цена за изведување на овие работи изнесувала 1.875.237 денари. Со ваквите дејствија обвинетиот нанел штета на општината во висина од 483.067 денари.

Обвинителството го товари обвинетиот поранешен градоначалник и за незаконитости во постапката за реконструкција со доградба на Црн Мост. Имено, откако била спроведена јавна набавка за избор на изведувач за вршење на работите за реконструкција на Црн Мост и бил склучен договорот со изведувачот со вредност во висина од 36.340.731 денари, дополнително без спроведена соодветна постапка склучил уште три анекси кон основниот договор со кои вредноста на основниот договор се зголемила за вкупно 13.059.557,75 денари или за 35,94 % и со кои наместо реконструкција се извршила изградба на нов мост, иако за тоа немало ниту одлука на Советот на Општината, ниту пак била спроведена соодветна јавна набавка, со што постапил спротивно на Законот за јавни набавки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија22 минути

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија2 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија4 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија5 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија6 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ7 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија7 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија7 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија10 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет11 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет11 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија11 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион11 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет11 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет11 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...