Црна хроника
Обвинение за скопски дилер во чиј дом биле пронајдени шприцеви, марихуана и хашиш
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице во чиј дом билe пронајдена марихуана, хашиш и дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.
Како што информираат од oбвинителството, на 6 февруари годинава, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој чувал дрога наменета за продажба. Притоа биле пронајдени 4,55 грама марихуана спакувани во метална кутија и хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц.
Покрај тоа, полицијата пронашла и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.
Обвинетиот се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Со оглед на тоа што против него во моментов се водат постапки за уште едно кривично дело од овој вид, како и за разбојништво, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за продолжување на определената мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.