Црна хроника
Обвинение за скопјанец кој во автомобилот носел автоматска пушка
Скопското Обвинителство поднесе обвинение против едно лице за неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи.
Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата Методија Андонов – Ченто во Скопје, неовластено држел огнено оружје, кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка во калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Покрај тоа, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Smith Wesson во калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.
Со поднесеното обвинение јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетиот да му ја продолжи определената мерка притвор бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.