Црна хроника
Обвинение за тетовец кој во два наврати ја истепал својата поранешна сопруга
Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 40-годишник од Тетово за сторено продолжено кривично дело телесна повреда.
Обвинетиот со престојувалиште во Скопје, во период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла ја повредил поранешната сопруга.
На 30 август, во семејниот дом во Скопје со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.
На 1 септември, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла ја повредил оштетената, која со нивните малолетни деца била излезена на прошетка.
Обвинетиот со такси-возило ја чекал поранешната сопруга пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници ја удрил во главата и во десната подлактица.
Од двата напади кај оштетената билe нанесени повреди како набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.
Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судот доставил посебен предлог за продолжување на претходно определениот притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.