Контакт

Црна хроника

Обвинение за убиството на Мартин Јанушев​

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинeние против 28-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело убиство.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот на 3. 11. 2017 година со умисла го убил сега починатиот Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд-отсуство, обвинетиот ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци. Тој со умисла за да го изврши делото, во попладневните часови истиот ден се движел пеш и околу 18:00 часот пристигнал пред зградата во која живеел Јанушев. Откако се сретнал со жртвата пред влезот на зградата, испукал кон него повеќе проектили од огнено оружје марка „црвена застава М70“ со калибар 7,65 мм, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди дошло до прекин на работата на виталноважните органи и до смртен исход кај сега покојниот Мартин Јанушев“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Истрагата против сега обвинетиот Основното јавно обвинителство Скопје ја отвори во октомври 2018 година, кога од судот побара и да му биде изречена мерката притвор. Со оглед на тоа што сега обвинетиот беше недостапен на органите на прогонот, согласно Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител  издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за распишување домашна и меѓународна потерница. По една година, на 14.10.2019 година, лицето беше лишено од слобода и за него почна да се спроведува веќе определената мерка притвор, која по барање на обвинителството е неколкупати продолжувана. Во рамки на сеопфатната истражна постапка, обвинителството обезбеди голем број материјални и вербални докази, релевантни вештачења и анализи, беа испитани и над 40 сведоци.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави и предлог до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје  за продолжување на мерката притвор, бидејќи сè уште постои опасност од бегство на обвинетиот, како и опасност да ги сокрие трагите и да влијае врз сведоците.

Црна хроника

Му се заканил со нож и го нападнал: пресметка пред казино во Кочани

Објавено пред

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „тешка телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

dobivaj vesti na viber

На 21.01.2024 пред казино во Кочани, по претходна меѓусебна физичка пресметка, пријавениот со нож му упатил закани на Љ.Л., по што физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди, додека на полициски службеник му упатил закани.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Шестмина повредени во сообраќајка во Скопје: учествувало и полициско возило

Објавено пред

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири сопатнички, Р.А.(57), Х.Х.(47), Р.А.(24) и А.А.(22 ), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди, исто така, се здобил возачот на возилото „фолксваген буба“, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје: оганот се проширил и кај соседите

Објавено пред

Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д.

Како што соопшти полицијата и тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет1 час

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет1 час

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион1 час

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија11 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија19 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија19 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија19 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија21 час

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија21 час

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized21 час

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ21 час

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија22 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет24 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет1 ден

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет2 дена

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...