Црна хроника
Обвинение против скопјанец што беше фатен со еден килограм марихуана
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик.
„На 9 октомври полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблички и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес под тренирката му била пронајдена кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 1.010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба. Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.