Црна хроника
Обвинение против скопјанец кој со тупаници и клоци убил жена
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против скопјанец за кривично дело – убиство.
Обвинетиот на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата Перо Наков, извршил семејно насилство и со умисла убил жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.
Тој со повеќе удари со рацете и нозете ѝ нанел повеќе телесни повреди во пределот на главата и по целото тело, и тоа хематоми и скршеници, од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, надлежниот јавен обвинител на судот му предложил да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.