Црна хроника
Обвинение против 11 диви копачи на културно наследство
По истражна постапка, што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 11 лица. Според опишаните дејства во диспозитивот на обвинителниот акт, сите обвинети го сториле кривичното дело злосторничко здружување, а првообвинетиот С. Џ. (47) сторил и кривични дела прикривање, оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Петтемина обвинети З. А. (39), М. С. (42), Г. К. (45), И. С. (48) и М. Џ. (37), освен за кривичното дело злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М. А. (32) и Д. Р. (36) се обвинети и за кривичното дело изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела злосторничко здружување и прикривање, на обвинетиот Т. А. (58) му се става на товар и кривичното дело оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, а на Н. М. (48) кривичното дело изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Најмладиот Р. З. (28), според обвинителниот акт, освен кривичното дело злосторничко здружување, е сторител и на кривичните дела оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Во текот на втората половина на 2021 година, на територијата на РС Македонија, со цел вршење на горенаведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С. Џ., З. А. и Т. А. создале група, во која група припадници станале другите обвинети, и Д. П. кој е во бегство. Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1.12.2021 до 12.12.2022 година презеле дејства на неовластено од надлежен орган истражување археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал-детектори, обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Археолошките добра и историските предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство.
Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на РС Македонија, со исклучителна вредност. Со нивно трајно отуѓување обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.