Црна хроника
Обвинет Германец кој без причина претепал човек што го превезувал до вила во Пинтија
Скопското јавно обвинителство поднесе обвиниение против германски државјанин за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Како што информираат од обвинителството, нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла тешко повредил едно лице.
Откако претходно со својата свршница изнајмиле автомобил на Меѓународниот аеродром Скопје, тие го замолиле оштетениот, вработен во рентакар агенцијата, да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат.
Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пума и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија.
Во тој момент, без никаков повод или причина обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето.
Притоа оштетениот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус.
Ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за обвинетиот Германец, на кој претходно со решение на судија му бил определен куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.