Топ
Од Вардар извлечено телото на 19 годишна девојка, продолжува потрага по уште едно лице
Од водите на реката Вардар околу 3 часот изутринава било извлечено телото на 19 годишна девојка којашто околу полноќ скокнала во реката, наведуваат извори од МВР за Макфакс. Се уште се трага по уште едно машко лице, коешто се претпоставува дека скокнало во реката при обид да ја спаси девојката од надојдените води.
Ноќеска неколку минути по полноќ повеќе граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во близина на гостиварскиот голем пазар во водите на Вардар скокнала жена и дека веднаш по неа, најверојатно со намера да и помогне и да ја извлече од водите,скокнал и еден маж.
Веднаш започнала потрага по нив, долж течението на реката Вардар и некаде околу 3 часот во близина на детско игралиште во селото Старо чајле пронајдено е безживотното тело на 19-годишната девојка.
Граѓани и екипа од теториторијалната противпожарна единица од Гостивар, го пронашле телото исфрлено на мал песочен остров. Го извлекле, а медицинска екипа која била повикана констирала дека девојката е мртва. По мажот се уште се трага.
Потрагата е продолжена од изутринава, формирани се тимови кои детално го пребаруваат течението на Вардар, а чии води синоќа беа значително надојдени, велат извори од полицијата за Макфакс.
Во тек е истрага за настанот, ќе се утврдуваат мотивите и побрзаноста на девојката со момчето коешто скокнало за да ја спаси. Извршен е увид од гостиварската полиција и обвинителството. По наредба на обвинител врз беживотното тело на девојката ќе се изврши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење
Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се „за жалење“ бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Тој во објава на платформата Х, напиша дека е „за жалење“ што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи правото на самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесува Ројтерс.
На 13 април, Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, велејќи дека тоа е како одмазда за израелскиот бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.