Црна хроника
Околу 11.000 евра украдени од автомобил во гаража на скопски трговски центар
Во попладневните часови на 24 септември, скопјанец на возраст од 30 години пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговото возило „фолксваген пасат“.
Според пријавата, кражбата се случилa во подрумските гаражи во трговскиот центар „Сити мол“, во периодот од 10:20 до 11:00 часот. Сторителот со употреба на сила одзел чанта со 11.000 евра и други валути.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот и за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.