Црна хроника
Осумнаесет сообраќајки за еден ден во Скопје, четири лица завршиле со тешки повреди
Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно 18 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, осум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и тројца возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.