Црна хроника
Откриена нива со марихуана во Радовишко
Полицијата откри нива со марихуана во радовишкото село Смиланци. Во врска со случајот поднесена е пријава против лицата К.М (53) и Н.Т (45), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, постапувајќи по добиени оперативни сознанија, во местото викано Телешорски Извори, атар на село Смиланци, општина Радовиш, откри насад од околу 58 стебла од растението канабис сатива. Растенијата биле засадени на парцела сопственост на покојно лице од село Подареш, на површина од околу 50 метри квадратни, а стеблата биле во фаза на формирање на вршунки, во добра вегетативна кондиција, на висина од 120 до 300 сантиметри“, соопшти МВР.
Првопријавениот на 2 септември бил затекнат внатре во насадот како врши берба на стеблата и ги става во вреќа. Пронајдените 58 стебла биле откорнати и дадени на вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.