Црна хроника
Откриени 459 гранати од Првата светска војна кај „Тумбе-кафе“ во Битола
Во близина на стадионот „Тумбе-кафе“ во Битола биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна.
Според информациите на МВР, вчера, во периодот од 9.50 до 15.50 часот во Битола, при изведба на градежни работи во близина на стадионот „Тумбе-кафе“ биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна.
Тие биле подигнати од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.