Црна хроника
Охриѓанка казнета со 2.000 евра зашто не останала во самоизолација
Основното јавно обвинителство Охрид, до надлежниот суд во Охрид, достави предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во чл. 206 ст. 1 од Кривичен законик.
Обвинетата на 18 март допатувала од Швајцарија – земја со високо ниво на ризик. Иако на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ потпишала изјава, постапила спротивно на наредбата на министерот за здравство и одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерки за спречување внесување и ширење на коронаворусот Ковид-19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегла од своето престојувалиште и се упатила во непознат правец. На 20 март при контрола извршена од страна на полициски службеници обвинетата не била пронајдена во престојувалиштето, со што го сторила кривичното дело што и се става на товар.
Обвинителството му предложи на судот на обвинетата да ѝ биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра за една дневна глоба, односно вкупно 2.000 евра, и да ја задолжи со трошоците за постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.