Црна хроника
ОЈО бара притвор за десет лица поради недозволена трговија со оружје и дрога
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица од кои едно е полициски службеник, а едно дете во судир со законот над 16 години.
„Три лица се осомничени дека сториле кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, пет лица се осомничени дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, а останатите двајца за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Имено, во рамките на повеќемесечната истрага и обезбедени доволен број докази кои ја потврдуваат инволвираноста на лицата во недозволена трговија со оружје и дрога, денеска во раните утрински часови е спроведена оперативна акција. По насоки и координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи извршија претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и на една локација на подрачјето на Свети Николе. Притоа, од слобода се лишени и приведени девет лица меѓу кои и еден полициски службеник, еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор во друг кривично правен настан.
Двајца од осомничените создале организирана криминална група инволвирана во вршење кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, која подолг временски период делува на територијата на нашата држава. На групата се приклучиле останатите осомничени кои нелегално продавале оружје, муниција и дрога на заинтересирани лица.
Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран кривично правен настан во Кичево во ноември 2020 година, кога беа запленети поголема количина оружје и муниција, како и со реализирани случаи на недозволена трговија со дрога во кои обвинителството веќе постапува против девет лица и случаи на недозволена трговија со оружје и муниција каде обвинителството постапува против три лица.
Приведените лица ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело и да влијаат врз сведоци, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.