Црна хроника
ОЈО предложи глоби од 2.000 евра за 15 лица
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица, кои го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Еден од нив допатувал на 18 март во државата од земја со среден ризик на зараза во согласност со листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата потпишал изјави за самоизолација и бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација во согласност со одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19. Но, не ја почитувал на 19 март кога бил забележан од полициските службеници. За стореното кривично дело, Обвинителството побара од судот на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра во денарска противвредност.
Другите 14 лица за кои се поднесени предлози за издавање казнен налог не ја почитувале одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење, со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со возила, со што го сториле кривичното дело што им се става на товар. За секој од обвинетите Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.