Црна хроника
Глоба за две лица од Гевгелија, кои, по враќањето од Германија, не останале во изолација
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија, денеска, до Основниот суд – Гевгелија, достави предлог за издавање казнен налог против две лица за сторено кривично дело непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Во предлогот Обвинителството бара лицата да се прогласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000,00 денари за двете лица.
Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по одлуката на Владата за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот. Во критичниот период од 14.3.2020 до 17.3.2020 година биле во контакт со повеќе лица, дури биле и во отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејства обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.