Црна хроника
Глоби за 35 струмичани за непочитување на забраната за движење
Струмичкото Обвинителство во текот на денешниот ден, постапувајќи по кривичните пријави, до Основниот суд – Струмица поднесе 30 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени 35 лица.
Лицата во периодот од 5 до 21 април 2020 година не ја почитувале забраната за движење за време на полицисиот час и се движеле надвор од своите домови. Со своите дејства сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството му предложи на судот да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 50 дневни глоби при што висината на дневната глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.