Црна хроника
„Пајакот“ кренал 47 возила
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди и шест лица добиле телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкциониран е еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.