Топ
Петмина повредени во сообраќајка на патот Студеничани-Скопје
Петмина луѓе нсе тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото во атарот на с.Студеничани-Скопје во близина на гробиштата. Несреќата се случила помеѓу „фолксваген голф“ управуван од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и ,,мерцедес“ управуван од М.Н. (21) од с.Студеничани.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и нивните сопатници.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.
Македонија
Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“
Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство.
Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева, на протестот рече дека над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно.
„Сигурно станува збор за еден план на емиграција бидејќи гледаат една сива и безнадежна иднина во својата држава“, изјави Георгиева.
После една недела штрајк, поради отежнатата работа на клиниките во комлексот „Мајка Тереза“ во Скопје, тие одлучија генералниот штрајк времено да го стават во мирување.
Во меѓувреме, секој вторник во 11 часот, за време на паузите, ќе продолжат се собираат во паркот на Клиничкиот центар во знак на протест.
Уште еднаш се оградија од било каква поврзааност на штрајкот со политички делувања.
Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, со оглед на тоа што работат без здравствено и пензиско осигурување.
Македонија
Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар
Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар.
Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува.
„Сите разговори ѝ ги преведува друго лице, кое е меѓу тие 18 лица за кои таа инсистира да се вработат“, рече Беќаровски, додавајќи дека се работи за луѓе кои иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита.
Во моментов не функционира Токсиколошката лабораторија, докторите се снаоѓаат со тестови и со еден лаборант, и тие им се за нивна внатрешна употреба чисто да знаат за какво труење станува збор.
„За шест години се сменија и министри и пет директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до седум-осум административци и две-три секретарки“, кажа д-р Беќаровски.
За присутните лекари на прес-конференцијата, Беќаровски рече дека сите тие се реномирани доктори со над 25 години стаж и не се политички активни, па одбиваат да бидат вклучени во какви било политички конотации.
Министерот за здравство Илир Демири најави денес дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок. На новинарско прашање какво образование има Иљази, министерот рече дека има високо образование, но не знае какво.
Вработените од оваа Клиника тврдат и дека Иљази го зголемила долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирањето на техничката влада.