Црна хроника
Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен
Вчера, во 17.35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т. П. (61) од Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н. К. (54) од село Делогожда, Струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К. М. (57) од Р. Албанија.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачите Т. П. и Н. К., како и сопатниците од возилото „тојота“ – К. П. (55) и Г. П. (40), двајцата од Битола, а телесни повреди добил сопатникот од истото возило Б. М. (40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ и во Општата болница во Охрид.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.