Црна хроника
Пет лица од Авганистан и Пакистан пронајдени во возило кај Струмица
Вчера, на влезот во селото Робово, Струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село запреле товарно возило, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Д. (62) од Скопје.
При преглед во возилото биле пронајдени пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан, информираат од МВР.
Д. Д. бил лишен од слобода и заедно со мигрантите бил спроведен во СВР Струмица. Против Д. Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.